Вести Македонија Топ вести

Враќањето на бугарското ветото би било огромна грешка, вели Ќучук

Враќањето на ветото за Скопје би било огромна грешка и ќе ги влоши булатералните односи, смета бугарскиот европратеник и известувач за Северна Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук.

– Тоа би била огромна грешка. Ветото на ниту еден начин не влијаеше позитивно на добрососедските односи. Сосема спротивно. Почнаа провокации, повеќе или помалку, токму од ставањето на ветото, изјави Ќучук за БНР.

Според него, тоа што му се случи на Христијан Пендиков е за осуда и тоа го кажале и европските институции. Тој ја оценува тензијата меѓу двете земји како висока која се шири во многу правци и смета дека билатерално ќе има многу бурна непродуктивна година.

Тој го нагласува и механизмот за следење и „мерење“ на говорот на омраза, посочувајќи дека министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, формира „голем тим, во кој ќе има и претставници на бугарската заедница“.

На прашањето како Брисел ќе реагира доколку Скопје ги спречи бугарските европратеници, политичари и јавни личности да присуствуваат на настани поврзани со Гоце Делчев на почетокот на февруари, Илхан Ќучук вели дека „нема шанси европските институции да поддржат такво однесување од страна на македонските власти“, додавајќи дека „ниту Брисел, ниту Стразбур може да го прифатат тоа како нормален пристап“.

– Не можеме да гледаме изолирано на работите. Треба да бараме механизми кои ќе бидат  одржливи. Мора да има механизми за следење во рамките на билатералните односи. Има многу примери на земји со тешки историски односи – Словенија и Хрватска, Словенија и Италија. Од гледна точка на историската меморија, ова не е нешто ново, истакна Ќучук.

Изјавата на Ќучук следи по најавата на бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков по средбата на шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ во понеделникот дека не е исклучена можноста од ново вето од Бугарија за земјава, додавајќи оти се надева дека тоа сепак нема да се случи.

Во врска со ова прашање вчера се огласи и европратеникот Ангел Џамбаски, кој по предлогот на претседателот Стево Пендаровски за прогласување на персона нон-грата еден пратеник во Европскиот парламент и уште неколку лица кои работат на нарушување на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, во објава на Фејсбук побара „враќање на ветото“ за земјава.

– Вратете го ветото. Антибугарска, антиевропска, болшевичка, тоталитарна терористичка власт во РСМ треба да биде објавена за „персона нон-грата во Европската Унија“. Македонија била и ќе биде бугарска. Република Северна Македонија е нешто друго, напиша Џамбаски на Фејсбук.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сезонската авионска линија Скопје – Крф е откажана од комерцијални причини

Дејан Дејан

Се брани со молчење – Кривичен му одреди 30-дневен притвор на врховниот судија Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Јапонски град постави “блокада“ за туристи. Не сака да ја фотографираат планината “Непристојни се”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе