Вести Македонија Топ вести

(Видео) Сали: Се анализираат состојбата за спорните пап тестови, а пациентите со цистична фиброза ќе се пребројуваат

Страотните статистики за огромниот процент лажно негативни пап- тестови не ги вознемирија здравствените власти.

Иако светските студии говорат дека до 40 проценти од жените добиле погрешен резултат кој може да ги чини живот, првиот човек во здравството во кус одговор за медиумите проблемот остави да го решаваат експертите. Тврди дека веќе ја анализираат состојбата, а останува отворено прашањето дали и кога сега спорните пап тестови ќе се заменат со ХПВ типизација за навреме да се открие вирусот, односно да се спречи да предизвика рак на грло на матката.

И пациентите со цистична фиброза ќе ги почекаат калкулациите на министерството за здравство кој допрва ќе ги пребројува пациентите колку се на број и дали ќе обезбеди пари за да им го набави неопходниот лек. Пациентите порачаа нема време за чекање и најавија нов протест.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор од 30 дена за Љупчо Палевски

Дејан Дејан

Сезонската авионска линија Скопје – Крф е откажана од комерцијални причини

Дејан Дејан

Се брани со молчење – Кривичен му одреди 30-дневен притвор на врховниот судија Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе