Вести Македонија Топ вести

Џафери: Нема да свикам седница по примерот на бугарското собрание

Претседателот на собранието Талат Џафери нема намера да свика седница во врска со инцидентите кои ги нарушија дипломатските односи на двете земји и нема да го следи примерот на бугарското собрание.

На прашањето од новинарите дали можеби треба да го повика Бујар Османи на брифинг за целата ситуација, Џафери дециден нема потреба од тоа бидејќи министерот секогаш доаѓал на комисии и сите одговори во врска со темата можел да ги даде таму.

Иако претходно најавуваше дека седницата за уставните измени треба да се случи на почетокот од годинава сега тоа го пролонгира за јуни или јули. Според Џафери избори за излез од политичката криза не се решение, вели тие би можеле само дополнително да ја закомплицираат ситуацијата. За најавите за зголемување на владеачкото мнозинство не сакаше да зборува но рече дека ново парламентарно мнозинство би било добредојдено.

Џафери премолчи на критиките на новинарите зошто му се обраќа на Ахмети со команданте иако е претседател на Собранието, рече дека како член на ДУИ сака и треба да оди на партиските собири…

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес со јачина од 5,8 степени во Тајван

Дејан Дејан

ЕК обезбеди 50 милиони евра макрофинансиска помош за Mакедонија

Дејан Дејан

Популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос и ова лето затворена за туристи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе