Вести Македонија

Одбележана годишнината од нападот на полициската станица Теарце во 2001

Со оддавање почит на Момир Стојановски, првата жртва во воениот конфликт во земјава, од Здружението „Одбор на бранители“ потсетија на сите бранители кои несебично се одзваваа на повикот за одбрана на татковината во 2001 година. Вооружениот напад на полициската станица во Теарце, кој се случил во два часот по полноќ на 22 јануари, неофицијално се смета за почеток на воената криза.

„Животот го загуби полицаецот Момир Санде Стојановски од с. Дубровница –Крива Паланка, додека потеко беше повреден Давор Евросимовски, полицаец од Тетово, а полесно беа повредени Борче Ѓуровски од с. Жилче и Јахи Лика од Тетово. Моимир Стојановски е првиот непребол меѓу сите останати паднати бранители во 2001 година и подоцна починатите од последиците на војната“, рече во својот говор Марин Најдов, претседател на Здружение „Одбор на бранители“.

 Повеќе делегации положија цвеќе на бистата која се носи на ова место само на овој ден. За загинатите нема достојни обележја, а ваквите настани ги организираат поединци, бранителите се заборавени од државата, реагираат од Одборот на бранители.

„Во моментот статусот на бранителите може да се рече е очаен, со оглед на тоа дека не се згрижени, голем дел од бранителите се во социјален ризик, многу од нив веќе се починати, државата сериозно не се зафати со грижата за нив, не се интегрирани во општестово, оставени се на маргините во општеството и се во могу лоша состојба“, вели Жарко Милевски, член на Здружение „Одбор на бранители“.

Од Одборот на бранители велат дека ќе ги интензивираат активностите, особено за да се избегнат манипулации со нивните гласови за време на избори, поучени од досегашното нивно искуство.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МНР повикува на внимателност од страна на сите политички чинители- почитување на Уставните одредби, како и Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Величковски: Правникот знае дека преземањето должност во непостоечка држава “Македонија” значи “преземање” на непостоечка должност

Дејан Дејан

Путин го разреши министерот за одбрана Шојгу

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе