Вести Економија Најважни Свет

САД тврдат дека ограничената цена на руската нафта ќе го намали воениот капацитет на Москва

Ограничувањето на продажната цена на Руската нафта ќе го ограничи профитот и капацитетот на официјален Кремљ за водење на илегалната војна во Украина, проценуваат соединетите американски држави.

Ограничувањето, кое го усогласија западните сојузници е со цел да се спречат земјите да плаќаат повеќе од 60 долари за барел на руската нафта.

Оваа мерка, која ќе стапи на сила во понеделник, го интензивира западниот притисок врз Русија заради инвазијата.

Ограничувањето на продажната цена на руската нафата беше предложено уште во септември од групата на 7-те најголеми светски економии (САД, Канада, Обединетото Кралство, Франција, Германија, Италија, Јапонија) и од ЕУ, во обид да се намали капацитетот на Москва да ја финансира војната во Украина.

„Веруваме дека ограничувањето само по себе ќе го има посакуваниот ефект на ограничување на можноста на г-н Путин да профитира од продажбата на нафтата и ќе ја ограничи неговата способност да продолжи да ги користи тие пари, за да ја финансира својата воена машина“ – вели портпаролот на американскиот совет за безбедност, Џон Кирби.

Според американците, оваа одлука ќе го има посакуваниот ефект. Ќе се ограничи рускиот профит за финансирање на бруталната инвазија а при тоа ќе се избегне нарушувањето на глобалната понуда на нафта на пазарот, што би можело да предизвика раст на цената на нафтата и нафтените деривати.

„Искрено, мислиме дека 60 долари за барел е соодветно и сметаме дека тоа ќе има таков ефект. Ова е за баланс, Андреа. Никогаш не беше целта воопшто да нема руска нафта на пазарот. Клучно беше да се балансира понудата со побарувачката, но исто така и да се балансира и со потребата да се ограничи можноста на г-н Путин да профитира. Повторно, сметаме дека 60 долари за барел ќе го постигне тоа. Тоа го поддржуваме“ – додава Кирби.

Украина оцени дека предложената цената од западните земји треба да биде преполовена, додека Русија соопшти дека нема да продава на земјите кои ќе ја спроведуваат оваа мерка.

Оваа одлука стапува на сила само неколку дена пред, на 5-ти декември во земјите членки на Европската Унија да стапи на сила и целосната забрана за поморскиот увоз на руската сирова нафта.

Западните сојузници на Украина, ќе одбијат да ги осигураат и танкерите кои ќе пренесуваат руска нафта до земјите кои нема да го прифатат ограничувањето на цената.

Земјите кои ќе го прифатат и ограничувањето на цената ќе имаат дозвола да купуваат нафта и нафтени производи кои ќе се транспортираат преку морињата , само доколку се продаваат по усогласената цена.

Западните сојузници на Украина, ќе одбијат да ги осигураат и танкерите кои ќе пренесуваат руска нафта до земјите кои нема да го прифатат ограничувањето на цената

Рускиот функционер Леонид Слутски за новинската агенција Тасс оцени дека Европската Унија ќе ја загрози сопствената енергетска безбедност со оваа мерка.

Пред војната, во 2021-та година, повеќе од половината од рускиот нафтен извоз беше наменет за Европа. Германија беше најголемиот увозник, пред Холандија и Полска.

Иако ова ограничување на цената секако ќе се почуствува во Русија, неговиот удар делумно ќе биде ублажен од одлуката на официјална Москва да ја продава својата нафта на други пазари, како Индија и Кина, кои и во моментот се најголемите купувачи на руската сирова нафта.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе