Вести Македонија Топ вести

Автобусите на приватниот превозник „Макекспрес“ не сообраќаат и денеска

Втор ден автобусите на превозникот „Макекспрес“,  не сообраќаат по редовните линии. Велат немаат средства за да продолжат со работа поради доспеаниот долг од Град Скопје и ЈСП за месеците август, септември и октомври во висина од над половина милион евра.

Бараат средба со Арсовска и со раководството на ЈСП и додаваат дека додека не изнајдат решение за проблемот ќе бидат принудени да ги паркираат автобусите.

Покрај проблемот со „ Макекспрес“, Град Скопје се уште не го решил проблемот со в.д. директорот на „ Водовод и канализација“,  Митовски, од кого Синдикатот очекува оставка поради кршење на работничките права и вршење притисоци врз вработените.

Донесена е одлука за започнување постапка за помирување пред  штрајк која ќе трае десет работни дена, а додека трае процесот на медијација вработените редовно ќе ги вршат нивните обврски.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Град со големина на орев се истури врз кумановско-липковскиот регион

Дејан Дејан

Вучиќ: Не очекувавме дека некои земји ќе ни забијат нож во грб

Дејан Дејан

(Видео) Жена загина во Сомбор, причинета материјална штета и црвен метео аларм – силно невреме во Србија, во Хрватска, во БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе