Вести Македонија

Претставата „Така зборуваше Гертруда“ чија праизведба ќе се одржи вечерва во драмски театар

Третманот на правдата донесена до апсурт е темата на претставата „Така зборуваше Гертруда“ чија праизведба ќе се одржи вечерва во драмски театар по текстот на младата авторка Миа Николоска кој го постави режисерот Ангелчо Иливски.

Претставата „ Така зборуваше  Гертруда“, е базирана на вистински настан од средновековието , за свиња која изела бебе и затоа е дадена на суд. Апсудрод кој произлегува од тука го одразува третманот на општеството кон правдата и еднаквоста, денес, вели режисерот.

Праизведбата на текстот, значи подадена рака на Драмски театар за афирмација на младите домашни драмски автори. Конкретно, Миа Николоска пишувала, инспирирана од нееднаквоста и обесправеноста на животните во однос на луѓето.

Покрај Гертруда, алегоричен лик е и Комарецот , во изведба на Стефан Вујисиќ.Во стилот на Брехтовиот политички театар, тој е наратор и коментатор на дејствието низ сонговите, на музика од Дарија Андовска.А ,дејствието кое тече на сцената меѓу реалниот и животот после смрт, ја доловува иронијата на постоењето во услови на корумпиран правен систем, носење одлуки од позиција на моќ, класна нееднаквост, неморал од страна на црквата и губење на универзалните вредности.

Сотир Трајков

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра – поранешниот градоначалник на Ново Село фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Седница на Судски совет на полноќ – ќе се одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе