Вести Македонија Топ вести

По трет пат одложен изборот на јавни обвинители

Советот на јавни обвинители повторно ја одложи седницата за избор на нови имиња за празните обвинителски места за обвинителството за организиран криминал.

Претседателот на советот Антонио Јолевски рече дека членовите побарале дополнително време за да ја изанализираат досегашната работа на кандидатите пред да оформат мислење.

Ова беше образложение и за претходното одлагање пред летните одмори но од Советот велат дека не ги добиле сите потребни материјали што ги побарале од обвинителството за кандидатите и дека не се подготвебни да бираат.

Пријавени се шест кандидати за четири места.

Јолевски смета дека повторното одлагање нема да влијае врз работата на обвинителството.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Град со големина на орев се истури врз кумановско-липковскиот регион

Дејан Дејан

Вучиќ: Не очекувавме дека некои земји ќе ни забијат нож во грб

Дејан Дејан

(Видео) Жена загина во Сомбор, причинета материјална штета и црвен метео аларм – силно невреме во Србија, во Хрватска, во БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе