Вести Македонија

Без учебници и чисти тоалети нема подобрување на условите во образованието реагираат средношколците

Секој човек во оваа соба знае дека образованието ги трансформира животите, економиите и општествата. Но исто така знаеме дека мора да го трансформираме образованието затоа што тоа е во длабока криза. Наместо да овозможи големи подобрувања, образованието забрзано предизвикува големи поделби.

И додека генералниот секретар на Обединетите нации  Гутереш апелираше до сите земји да направат приоритет за повисоки распределби на средства за унапредување и подобрување на условите за образование, Сојузот на средношколци со свој апел до надлежните институции дека загрижувачки е што се уште говориме за недостиг на елементарни услови за образование кај нас, во континуитет и пред пандемијата и по неа.

  • На пример во внатрешноста на земјата имаме големи проблеми со насушната училишна инфраструктура, како изгледа зградата, дали се училниците безбедни средини, понатаму тоалетите и нивното отсуство. Истото се случува и во некои училишта во Скопје, значи државен е проблемот не само за одреден регион, вели Лука Павиќевиќ, претседател на Сојуз на средношколци

Во своето обраќање на Самитот за трансформација на образованието премиерот Ковачевски забележа дека Македонија се солидаризира со демократскиот свет и се приклучува кон заложбите за одржлив развоен систем и висок квалитет, дигитални компетенции и инфраструктура. За Павиќевиќ ваквите заложби се навистина важни, но треба да бидеме свесни дека голем број средношколци во моментов се соочуваат со уставен проблем, доколку се има предвид дека согласно Уставот, секој има право на образование.Тоа треба да е достапно за секого под еднакви услови.

  • Стари учебници, каде што ви недостасуваат страници или цели поглавја, искинати, не е кохезивна единица веќе учебникот, комплетно отсуство на учебници по некој предмет. Сега се создава проблем во отсуство на дигитален учебник или во целосно хартиен систем каде во лимбото на средина и во таква ситуација ќе треба приватно да се печатат скрипти или преку фотографирани скенови што не е дозволиво, бидејќи не ја овозможува таа еднаквост, учениците да бидат еднакви во училницата за да можат да постигнат резултати според кој панатаму општеството ќе ги суди дали се они добри или лоши професионалци.

Според Министерството за образование спроведена е јавна набавка за откуп на тиражи, согласно потребите на гимназиите. Дел од нив веќе се дистрибуирани до училиштата, а дел од учебниците ќе се дистрибуираат до 20 септември.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повредени десет лица од удар на гром во Германија две лица реанимирани

Дејан Дејан

Георгиев и Мемети – кои се „белите јаки“ во врвот на правосудството, кои се осомничени за митото од 10 илјади евра

Desk

Силен земјотрес во Франција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе