Вести Македонија

20 проценти од сите смртни случаи во Битола се заради загадувањето на воздухот

Просечната стапка на смртност во Битола на 10 илјади жители е  поголема отколку онаа на национално ниво, а една од причините е аерозагадувањето.

20 проценти од сите смртни случаи во Битола може да се припишат на изложеност на отровните ПМ честички.

Овие застрашувачки податоци се дел од Планот за квалитетен  воздух што го презентираше Општина Битола.

Како главен ризик по здравјето, загадувањето на воздухот може да доведе до разни здравствени проблеми, како што се респираторни и кардиоваскуларни заболувања. Многу нови студии сугерираат дека изложеноста на загаден воздух е многу поголем ризик за здравјето отколку што се сметаше претходно“ – се наведува во Планот за квалитетен воздух во Битола.

Документот, како најголем загадувач го посочува РЕК Битола, потоа сообраќајот и затоплувањето на домовите. Планот  предвидува и  мерки за справување со вој сериозен и долгогодишен проблем.

„Мерките кои се спроведуваат се однесуваат субвенции за набавка на велосипеди, субвенционирање на колективни згради за поставување на  енергетски ефикасни фасади,  уредување на јавните површини, подготовка на зелен катастар, подготовка на локален еколошки план, редовен инспекциски надзор“ вели градоначалникот Тони Коњановски.

Екологистите пак велат дека планот не е издржан,  ниту  има приоритети во спроведување на мерките.

Не е земeна предвид единствената научна студија за изворите на  аерозагадувањето во Битола изработена неодамна  од Штипскиот универзитет, каде, податоците се дијаметрално спротивни, односно, не индустријата, туку  домаќинствата се посочени како најголеми загадувачи.

„Сметаме дека овој план не треба во ваква форма да биде усвоен од Советот на Општина Битола, туку ќе треба да се преработи и да се дополни со елементите од Студијата. Да се насочиме кон превентивни мерки против аерозагадувањето, односно како да го спречиме загадувањето од домаќинствата, институциите и сообраќајот. Сметаме дека тие се трите главни елементи што треба да бидат вклучени во планот“ – вели Мите Ристов, од НВО Геосфера Битола.

Битолските екологисти бараат во Планот да се вметне и нивниот предлог за измени на Закон за дистрибуција на огревно дрво, затоа што велат дека влажната дрвна маса е најголем виновник за загадување со ПМ 2,5 честичките. Бараат  да се забрзаат измените  на режимот на сообраќај во централното градско јадро, како и повеќе пешачки зони и зелени површини низ Битола.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе