Вести Македонија

Комуналните претпријатија почнаа да ги поскапуваат услугите

Комуналните претпријатија во земјава, кои годинава силно го почувствуваа ударот од енергетската криза почнаа со покачување на цената на ѓубрарината, прва која го направи овој чекор е Штип. Намест 1,2 денари за метар квадратен, штипјани ќе плаќаат по 2,4 денари, што значи зголемувањето е за сто отсто. Корекцијата на цената се прави согласно новата методологија. Раководството ја правда со тоа што домаќинствата и фирмите во Штип плаќале најниска цена за собирање и депонирање на отпадот, а трошоците со зголемување на цената на горивата и струјата се неколкупати зголемени. Ова ја доведува и во прашање ликвидноста на Комунална хигиена, која за две години направила загуба од 25 милиони денари.

Граѓаните низ земјава за собирање и складирање на отпад плаќаат различни цени од 2,4 до 4,2 денари за метар квадратен. Според податоците, кои ги добил Здравков највисока е во Струга 4,2, во соседно туристичко Охрид изнесува 2,4, во Скопје е 3,59 денари, а во Виница 2,8 денари за метар квадратен. Здружението на комунални претпријатија АДКОМ пред три недели од пред Владата најави дека ќе следи бранот на зголемување и на нивните услуги, односно покачување на ѓубрираната и на водата,бидејќи за нивните барање за струјата се нема слух.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случајот на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Седница на Судски совет на полноќ – ќе се одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе