Вести Македонија

Арсовска: Потребна е одговорност за оној кој дозволил да се зема плата без работа

Раководството не им ги продолжи договорите на 33-ца вработени во Комунална хигиена бидејќи воопшто не доаѓале на работа и не ги извршувале своите работни задачи.

Градоначалничката Данела Арсовска вака го објасни прекинот на соработката со овие лица, кои со години биле ангажирани како „рамковно вработени“.

Овој потег предизвика бројни реакции преку социјалните мрежи, а се надоврзаа и функционери од ДУИ, меѓу кои, заменик директорот на УЈП, Абдул-Селам Селами, кој јавно `и порача: „Данела, немој да мислиш дека си нашла планина без волк и дека можеш да правиш што сакаш“.

Арсовска одговори дека заканите и саботажите се недозволиви и дека треба да има одговорност за оној кој дозволил да се зема плата без работа, па макар и да немало обезбедено лаптоп за секој вработен.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случајот на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Седница на Судски совет на полноќ – ќе се одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе