Вести Македонија Топ вести

Бугарското МНР ќе дефинира конкретни обврски на институциите во Бугарија во однос на дијалогот со Скопје

Непосредна задача на бугарското Министерство за надворешни работи во однос на билатералниот дијалог со Македонија ќе биде усвојување на писмен документ, што ќе ги дефинира задачите на институциите во Бугарија со конкретно утврдени обврски, изјави шефот на бугарската дипломатија Николај Милков.

Милков нагласи дека неговата заменичка Велислава Петрова, која беше заменик и на неговата претходничка Теодора Генчовска, ќе продолжи да биде одговорна за билатералниот дијалог меѓу Бугарија и Северна Македонија, истакнувајќи дека таа направила многу за односите на Софија со Скопје, како и за аплицирањето за членство на Бугарија во Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Милков и оддаде признание и на претходната бугарска Влада во врска со напредокот на односите со земјава, нагласувајќи дека таа постигнала многу, а можела да го остави ова прашања на страна, во услови кога беше близу до губење на мнозинството во Народното собрание на Бугарија.

Треба да можеме да го консолидираме напредокот што беше постигнат во билатералните односи со Република Северна Македонија. Претстои многу конкретна работа, изјави Милков.

Во однос на присуството на генералниот конзул на Бугарија, Димитар Иванов во просториите на Центарот „Иван Михајлов“ во Битола за време на увидот на Комисијата за заштита и спречување на дискриминација минатата недела, Милков оцени дека тоа „не претставува проблем“ и дека тој не ги попречувал активностите на Комисијата со тоа што бил присусен за време на увидот.

Според Милков, политиката на Софија кон Балканот ќе биде фокусирана и на други проблеми во регионот, како што се тензиите меѓу Србија и Косово и случувањата во Босна и Херцеговина.

Бугарија мора да биде во можност на своите меѓународни партнери да им претстави што се случува во регионот, истакна Милков.

Тој најави и дека портпарол на Министерството ќе биде Костадин Коџабашев, кој до пред неколку дена беше амбасадор на Бугарија во Украина.

Милков е министер за надворешни работи на Бугарија во техничката Влада именувана од бугарскиот претседателот Румен Радев, со задача да раководи со земјата до завршувањето на предвремените парламентарни избори закажани за 2 октомври.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најмногу претставки за сексуална и родова припадност, намален е бројот на оние за национална и етничка припадност

Дејан Дејан

Меѓународниот суд во Хаг ќе бара налози за апсење за водачите на Израел и Хамас

Дејан Дејан

Синдикалната минимална кошница за мај година изнесува 60.090 денари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе