Вести Македонија Најважни

Анализа: Има ли разлики меѓу новиот и стариот француски предлог?

За одговор на прашањето Има ли разлики меѓу новиот и стариот француски предлог и какви се, за прецизен одговор, бидејќи има пакет од документи кои треба да се разгледуваат во целина.

Но по неколку читања и консултации со добри познавачи на европската пракса и процедури, првиот заклучок би бил дека: со видеоизменетиот француски предлог, а базирано на споредба на документот од 17 Јуни и овој објавен сега: ИМАМЕ ПРЕСЕДАН ВО ПРАКСАТА НА ОДРЖУВАЊЕ НА ПРВАТА МЕЃУВЛАДИНА КОНФЕРЕНЦИЈА – која всушност го означува и почетокот на преговори.

Од каде произлегува тоа?

Од два различни документи:

Првиот се вика Политички  состанок од Меѓувладината Конференција за пристапувањето на Македонија кон Европската Унија – заедничка позиција на ЕУ.

 

Вториот документ е насловен “Конференција за пристапување, односно министерски состанок за отварање на меѓувладината конференција за преистапување. .

Што е разликата?

Суштината е во тоа што ПРВАТА МЕЃУВЛАДИНА КОНФЕРЕНЦИЈА Е ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИ НА КОЈ СЕ УСВОЈУВА И ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА, потоа почнува т.н. скриниг, а откако тоа ќе заврши по година и пол до две, се отвараат поглавјата, или со новата методологија  – кластери.

Во случајот на Македонија тоа нема да биде така. И тоа е преседан, кој досега не се случи.

Или поконкретно, ако во првичниот француски предлог се зборуваше за отворање на преговорите, во новиот предлог имаме формулација – почеток на фазата на отворање на процесот на преговори.

 

 

Дополнително во член единаесет од  т.н. Изјава за отворање прецизно пишува дека:

 

Ние ќе ви ја презентираме оваа Преговарачка рамка заснована на заедничката генерална позиција на ЕУ за време на следниот состанок на меѓувладината конференција, за кој сме подготвени да го одржиме без понатамошно одложување или дополнителна политичка одлука, веднаш штом Северна Македонија, ќе ја исполни својата обврска да ги спроведе уставните измени, наведени во одлуката на Советот 2020 /2022  во согласност со нејзините внатрешни процедури.

Дека преговарачката рамка ќе биде презентирана по Уставните измени се потврдува со вториот документ, втората изјава за отварање  во кој стои :

По првата политичка меѓувладина конференција, одржана на … и во име на Европската Унија, пресреќен сум  што можам да Ви посакам добредојде денеска истакнати претставници на Северна Македонија, да ја финализираме фазата на отварање на пристапните преговори на Вашата земја со Европската Унија.

Значи тоа е првиот процедурален преседан.  Измени на Устав, па потврда на преговарачката рамка. Ќе се воздржам од квалификации дали е тоа подобро или полошо од првичниот предлог.

Јазик

Да се задржиме на неколу други аспекти, кои беа причина Македонија да каже „НЕ“ на првичниот француски предлог и кои беа критикувани од стручната јавност.

Измените на Уставот се обврска – во заклучоците од Самитот. Во нив е јасна дистинкцијата меѓу политичка и прва меѓувладина конференција. Рaзлики околу формулацијата на јазикот – нема. Европскот законодавство ќе се преведува на Македонски, но разликата е што тоа не се споменува во Изјавата од првата политичка конференција, туку во втората.

Што значи таа разлика – ќе треба да објасни Владата.

Втората дилема по првичниот предлог беше дали бугарските барања за историјата или протоколите предвидени со Договорот за добрососедство влегуваат или не во преговарачката рамка.

Вo првичниот предлог се споменуваше спроведувањето во добра воља на Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија, во заграда – исти како и билатералните протоколи за негово имплементирање.

Во новиот предлог стои „исто како и годишните извештаи и мерки за негова ефективна имплементација според член 12“.

А член 12 всушнот ги предвидува токму протоколите, записниците или извештаите од Межувладините конференции меѓу Македонија и Бугарија.

А тие записници или протоколи, пак, освен општиот дел содржатги содржат и записниците за  она што е договорено од Историската комисија. И тука е клучното прашање за Владата, дали имаме изземање на историските  прашања од Преговарачката рамка или само преименување на протоколот во годишни извештаи. Тие нијанси треба аргументирано да ги објасни Владата? И тоа е многу важно. Зошто?

Затоа што и во заклучоците и во Изјавата за отварање на Политичката конференција се поздравува потпишување на вториот протокол од Меѓувладината конференција предвидена со член 12 од Договорот за добсососедство. Тoј Протокол, пак допрва треба да биде потпишан.

Беше договаран  на почетокот на јуни кога бугарската министерка за надворешни работи Генчовска беше во Скопје на 4-ти јуни, продолжија неделава во Софија.

А тој протокол треба допрва да биде објавен, денеска – не беше.

Боби Христов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Касами останува градоначалник, министерските позиции резервирани за други

Дејан Дејан

Кавадаречанец му се заканувал на градоначалникот на општината

Дејан Дејан

В среда прегласување во седум избирачки места, шест се во петтата изборна единица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе