Вести Македонија

Три месеци по престанокот со работа хидросистемот Ѓавато е се распаѓа

Хидросистемот Ѓавато се демолира. Се крадат шахти, се вади бакар од потопните пумпи и делови од хидросистемот. Само три месеци од престанувањето со работа стана хаос во хидросистемот што се направи за да се спаси Дојранското Езеро. Вработените се уште доаѓаат на работа, пријавувале на надлежните во Министерството за животна средина, во полиција, дека се распаѓа системот, но, досега никој не презел никакви мерки. Ѓавато премолчано е оставен да се уништува.

Зошто не работи хидросистемот не добивме одговор од Министерството за животна средина и просторно планирање, но престанокот со работа се поклопува со покачувањето на цената на електричната енергија. Месечните сметки за електрична енергија на системот до лани беа околу 60. 000 евра, а единствена добивка беше месечниот надоместок од конецесијата за мала хидроцентрала Топлец на брегот на Дојранското Езеро, од која дбиваше 2.500 евра месечно.

Последните години хидросистемот работеше само за потребите на малата хирдоцентрала Топлец. Со запирањето на пумпите се раскинала и концесијата за работата на малата хидроцентрала.

Според  дојранскиот градоначалник Ангов нивото на водата на Дојранското Езеро засега е над дозволената и во моментов нема закана за езерото.

Хидросистемот е изграден во 2001 година како јавно претпријатие. Од 2012 година е трансформиран во хидросистем и е даден на управување на министерството за животна средина иако немаат законско право да управуваат со него.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ахмети со најубедлива победа, Пендаровски со најголем пораз во своето маало

Борел и Вархеи и честитаа на Силјановска Давкова и повикаа да се исполнат обврските за ЕУ

Дејан Дејан

Тревата пред Влада бара одговорност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе