Економија

Владата ќе им прогледа низ прсти на најмалку 160 газди од списокот на неплаќачи

Владата ќе им прогледа низ прсти на најмалку 160 газди кои парите од државата за исплата на минималец за работниците прво си ги ставија во џеб, па ги исплатија. Од првичниот список кој броеше над 570 фирми, 158 во меѓувреме ги префрлиле парите. Иако сите рокови за исплата одамна се завршени, сепак тие ќе се спасат од кривични пријави за злоупотреба на државни пари. Генералниот Секретатијат ќе чека до утре, и дури потоа, последниот пречистен список од УЈП ќе го достави до Обвинителството.

Ќе почекаме до утре УЈП да ни го прати пречистениот список и тој понеделник ќе го доставиме до Обвинителството. Тие кои исплатиле плати во меѓувреме нема да бараме да се гонат кривично, изјави Драги Рашковски, Генерален секретар на Влада.

Првичниот список броеше над 570 фирми кои добиле речиси 322.000 евра за два месеци, но не исплатиле ниту денар на сметките на 1.422 работници. Владата не даде рок до кога ќе ги чека газдите да ги исплатат парите кои ги добиле од државата. Но, неколку пати се ажуришаше, па последниот список сега брои 413 фирми – неплаќачи. Другите 158 во меѓувреме исплатиле 95.000 евра на 422 вработени за два месеци

Заклучно со плаќањата до 04.08.2020 година за април не исплатиле плати 172 фирми, а за мај 241 фирми на кои им била исплатена финансиска помош, а не исплатиле плата на вработените. Согласно  Уредбата и позитивните законски прописи секоја фирма која ги прекршила  предвидените услови ќе сноси одговорност, велат од УЈП.

За другите пак околу 3.750 компании кои на речиси 53.000 работници им го скратиле и минималецот и исплатиле 1,5 милиони евра помалку, се проверуваат податоците со Трудовиот инспекторат. Нема информација ниту кога ќе биде објавен и овој список.

И додека Обвинителството ги чека списоците, а институциите им прогледуваат низ прсти на фирмите – неплаќачи, веќе на големо се најавуваат и нови откази. И тоа  токму од компании кои користеле државна помош и имаат обврска да ги задржат вработените уште најмалку два месеци. Работнци реагираа до нашата редакција, дека газдите иако им задржувале дел од државниот минималец, веќе им најавиле дека со завршувањето на државната помош завршува и нивниот работен ангажман. Не можеле сами да им исплатуваат плата.

Од Организацијата на работодавачи очекуваат вакви проблеми, но се надеваат дека бројот на компании кои ќе стават клуч на врата нема да биде преголем.

Можноста и дел од работодавачите кои користеле финансиска помош да се одлучат за затварање на компанијата или фактички се во таква ситуација да не можат да продолжат со дејноста не е исклучена. Така што јас се надевам дека нема тоа да биде голем број на компании, но некои од нив сигурно ќе дојдат во таква ситиуација и покрај користената помош да мора да ја затворат компанијата, вели Димитров.

Димитров алармира дека на есен можат да се случат многу откази и затворања на компании,  ако нема нова финансиска помош од државата. Инаку од почетокот на корона-кризата до јули речиси 22.000 работници изгубија работа.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СКСЗМ: Одлуката за враќање на старите цени за полисите е штетна за бизнисот

Дејан Дејан

Вратени старите цени за полисите, но нема одлука дали ќе им бидат вратени парите на оние кои платија повеќе

Дејан Дејан

Цените нема да дивеат во наредните два месеца, но во индустријата нема кој да работи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе