Економија

Само 33 газди, од околу 550 ќе се спасат од кривични пријави

Само 33 газди од околу 550  ќе се спасат од кривични пријави. 33 компании ја искористиле последната шанса која им ја даде Владата, минималецот од државата кој си го присвоија за себе да го исплатат на сметките на вработените. Исплатиле околу 30.000 евра на 130 вработени.Списокот кој Управата за јавни приходи ќе го достави до Генералниот секретаријат ќе брои 518 фирми, чии газди кои се товарат дека злоупотребиле околу 300.000 евра од државата.

На ден 30.07 вкупно 33 компании ја исполниле обврската за исплата на плата, од кои 7 фирми за месец април, за 17 вработени, со износ на примена финансиска поддршка од 224.750 денари и 26 фирми за месец мај, за 113 вработени и со износ на примена финансиска поддршка од 1.587.750 денари, соопштија од УЈП.

Генералниот секретаријат ги чека податоците од УЈП која треба да испрати пречистен список на компании кои наместо на работнците, минималецот од државата си го ставиле во џеб.

Чекаме од УЈП пречистен список. Можеби во меѓувреме некои компании пуштиле средства. Откако ќе го добиеме списокот ќе побараме од Обвинителството кривични пријави за секоја компанија посебно, изјави за Телма Рашковски.

Според првичниот список кој го објави Генералниот секретаријат вкупно 551 фирма добиле речиси 322.000 евра за два месеци, но не исплатиле ниту денар на сметките на 1.422 работници.

На првичниот список најмногу пари добила „Викторија Инвест“ од Албанија со претставнштво во скопски Карпош која е изведувач на работите за изградба на автопатот Кичево – Охрид. За два месеци на нејзината сметка легнале  речиси 22.000 евра, но на 86 вработени не исплатила ниту денар.

И тројца иноватори се најдоа на списокот на УЈП, меѓу газдите кои си ги ставиле во џеб парите кои им ги даде државата за да исплатат минималец за работниците. За својот изум требало да добијат над 60.000 евра од Фондот за иновации. Но проектите беа стопирани, откако институциите ги открија злоупотребите со државната помош.

УЈП првично објави и дека други околу 3.750 компании на речиси 53.000 работници им го скратиле и минималецот и исплатиле  1,5 милиони евра помалку. Додека се скусува списокот на првите фирми кои не исплатиле ниту денар, за тие кои задржале пари од работниците подготовката на податоците е во завршна фаза. Од УЈП велат ќе ги испратат на проверка во Министерството за труд. Финалниот износ и компаниите ќе може се знаат по инспекцискиот надзор од страна на Трудовиот инспекторат.

Покрај експертите и синдикатите кои бараа кривична одговорност за газдите, на злоупотребата на државаната помош реагираше и Светската банка. Во одгoвор за „Телма“  беа категорични дека покрај тоа што фирмите ќе треба да ги вратат парите, може да бидат и предмет на истрага од банката, бидејќи во апликацијата се согласиле да ги почитуваат упатсвата за борба против корупцијата.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СКСЗМ: Одлуката за враќање на старите цени за полисите е штетна за бизнисот

Дејан Дејан

Вратени старите цени за полисите, но нема одлука дали ќе им бидат вратени парите на оние кои платија повеќе

Дејан Дејан

Цените нема да дивеат во наредните два месеца, но во индустријата нема кој да работи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе