Вести Македонија

Пожарникарите ги спасија дуќаните и вработените од пожарот на бараката кај Рампа (Даре Џамбаз)

Гори барака кај Рампа, Кисела Вода. Огромен чад се издига над објектот. Екипа на Телма, известува од терен дека се слуша пукање на лесонитните табли од бараката.

Станува збор за стара, напуштена барака, во близина на градилиште. Во моментот гасат три пожарникарни возила, а пристигнуваат и нови.

Очевидци тврдат дека екипите навреме стигнале и за среќа пожарот не се проширил врз околните дуќани и нема повредени.

Сообраќајот во овој дел од градот е затворен, дозволено е поминувањето само на пешаци.

ВИДЕО: Пожар во центарот на Скопје, гори барака кај Даре Џамбаз

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Путин назначи нов заменик министер за одбрана

Дејан Дејан

Полјаците бесни поради начинот на кој полскиот претседател изрази сочуство до Иран

Дејан Дејан

Ситуацијата во Нова Каледонија е релативно мирна по пристигнувањето на 1.000 полицајци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе