Вести Македонија

Жртвите на семејното насилство се охрабруваат, но често и одвраќаат да го пријават насилникот

Жртвите на семејно насилство се охрабруваат да го пријават насилникот, но често се одвраќаат од тој пат.

Пријавуваат дека биле тепани или малтретирани, но кога процесот продолжува тие се откажуваат и не бараат кривичен прогон.

Па така, со соодветни поднесоци се заокружени едвај една третина од регистираните случаи во СВР Тетово. Од вкупно 281 случај за само 8 месеци, кривични дела се 75, а останатите само поплаки.

„Најголемиот број од кривичните дела, поточно 55, биле со нанесување телесни повреди на жртвите, едно со убиство на родител, а преостанатите со загрозување на сигурноста на жртвите. Најчести сторители на ваквиот вид насилство во овој период се машки лица. Евидентираме и вкупно 206 случаи на поплаки, односно прекршоци поврзани со семејно насилство кои содржеле психичко, физичко или економско малтретирање“, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Од Центарот за поддршка, кој започна со работа во Тетово од декември минатата година, потврдуваат дека жртвите честопати се враќаат кај насилникот, поради срам од околината, но и економска зависност.

Процесот се отежнува и поради тоа што во полошко нема каде да се згрижат, а локалната самоуправа досега не покажала интерес.

„И сето тоа ја отежнува самата постапка за жртвата којшто пријавила насилство, а постои интервентна потреба да се смести во определен шелтер центар, па мора да се носи во други градови, тоа е прилично поодалечено. Со оглед на статистиката и податоците е многу потребен, но она што мене дополнително ме загрижува е што Општината не ги поддржува ваквиот тип на ресурси и ова се претежно финансирани советувалишта од надворешни фондации, а тоа не е трајно решение“, вели Моника Чакаловиќ, социјална работничка во Центарот во Тетово.

Психички растројства, болестите на зависност (како алкохол, дрога), љубомората, прекината љубов, нарушени односи се дел од причините за семејно насилство.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Путин назначи нов заменик министер за одбрана

Дејан Дејан

Полјаците бесни поради начинот на кој полскиот претседател изрази сочуство до Иран

Дејан Дејан

Ситуацијата во Нова Каледонија е релативно мирна по пристигнувањето на 1.000 полицајци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе