Вести Македонија

Русковска денеска ќе поднесе жалба за суспензијата и дисциплинската во случајот со претресот во финансова

Обвинителката Вилма Русковска информира дека денеска ќе ја поднесе жалбата до Советот на јавни обвинители, а која се однесува на суспензијата од работното место од страна на Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовевски.

Таа има два предмети кои се во пред истрага – едниот за финансиска полиција, другиот за станицата за технички преглед за автобусот кој изгоре во Бугарија.

За претресот во финансиската полицијата на 18 јули, директорот Арафат Муареми на 8. август поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство против сите обвинители за кои тие сметаат дека постојат основи за сомнение за сторени кривични дела при постапување.

Нејзин заменик на местото шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е обвинителката Лиле Стефанова, која порано беше дел од тимот на Специјалното јавно обвинителство.

За експертите целата оваа ситуација со Јовески, Русковска и обвинителките и Муареми се толкува како политичка игра која само го доурива угледот на правосудството во Македонија.

Останува отворено и прашањето со предметите кои ги води Русковска.

Со измените во законот за обвинителството од пред две години државниот обвинител не може да преземе предмети од негова надлежност без согласност на јавниот обвинител кој раководи со обвинителството за гонење организиран криминал.

Мерката – времено оддалечување од функцијата е предвидена во Законот за јавното обвинителство, каде во членот 81 стои дека „јавниот обвинител може да биде оддалечен од вршењето на јавнообвинителската функција за време додека трае кривична постапка против него или кога е поведена дисциплинска постапка”.

Дисциплинска одговорност кај обвинител утврдува петчлена комисија која веќе функционира при обвинителството.

Можните санкции се намалување на платата во висина од 15 до 30 проценти од месечната плата на јавниот обвинител во траење од еден до шест месеци или разрешување.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе