Вести Македонија

82-годишен човек бил усмртен во Гостивар од страна на бик

Во селото Врбен во општина Маврово Ростуше од повреди што му ги нанел бик при истовар од камион на сточниот пазар во Гостивар починал 82-годишен старец.

Случајот е пријавен денеска во 9 часот во СВР Тетово.

Според првичните информации, старецот се обидел да го наведе животното да се симне од камионската приколка, но во еден момент тоа со главата удрило во телото на Љ.С. и му нанело тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде веднаш бил пренесен за укажување  лекарска помош.

Набргу тој им подлегнал на повредите. Јавен обвинител и екипа на Одделението за внатрешни работи Гостивар извршиле увид на местото на настанот и по извршениот медицински преглед телото на починатиот било предадено на семејството.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Милијарда евра со ниска камата од странска влада- од каде е финансискиот пакет кој го најавува Мицкоски

Дејан Дејан

Ахмети со најубедлива победа, Пендаровски со најголем пораз во своето маало

Борел и Вархеи и честитаа на Силјановска Давкова и повикаа да се исполнат обврските за ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе