Вести Македонија

Маричиќ: Би била вистинска штета и за идните генерации овој момент да го пропуштиме

Не би било одговорно да се одбие предлог во кој сме ги постигнале барањата со надеж дека ќе ни се понуди друг, уверува вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Не е момент за непотребно одлагање, момент е за трезвена дискусија, разумна дискусија која ќе не одведе до долго посакуваната цел – отпочнување на преговорите. Колку повеќе го одолговлекуваме процесот, толку ќе биде потежок за решавање. Без разлика на одлуката која ќе ја донесе Владата во врска со францускиот предлог, полноправното членство во ЕУ останува наша стратешка цел и остануваме целосно посветени на реформскиот процес, посочи Маричиќ.

Порача дека во следните денови преку инклузивен општествен процес имаме задача заеднички да одлучиме дали ќе ставиме крај на лавиринтот во кој сме заглавени скоро две децении и ќе покажеме мудрост со разгледување и соодветно поставување кон овој предлог, кој, според него, е чувар на националните интереси и на нашите црвени линии, или, пак, ќе влеземе во долгогодишен застој којшто секогаш по правило ни носел нови предизвици и нови проблеми.

Нагласи дека верува оти, како што рече, разумните и одговорните државнички политики ќе надвладеат над деструкциите, дезинформациите, надворешните влијанија. Смета дека денеска,  после 18-годишен маратон за почеток на преговорите со ЕУ, земјава има историска можност за почнување на преговорите без дополнителни одлагања со заштитен македонски јазик и македонски идентитет.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе