Вести Македонија

Фотоволтации ги красат петте институции во Крива Паланка

Крива Паланка доби соларни панели, а истите се поставија на крововите на пет општински институции, со цел објектите да се самоодржат,и да генерираат обновливи извори на енергија.

Од општината Крива Паланка соопштија дека: ,,Поставени се фотоволтаични панели, на пет јавни институции во градот, а инвестиција е вредна 103.000 евра, во рамки на проектот „Зелена енергија за јавни институции“. Овој проект се реализираше со помош на Центарот за меѓународна соработка и развој од Љубљана, Словенија. Центарот е донатор на половина од инвестицијата, а останатата сума е обезбедена од општинскиот буџет”.

Соларните панели се поставени на детската градинка “Детелинка”, на објектот „Пролетна роса“, на основното училиште “Св. Јоаким Крчовски”,  на зградата “Партизан”, на Градскиот музеј Крива Паланка, на локалната самоуправа на Општината и на ученичкиот дом “Боро Менков”.

Од општината нагласија дека поставувањето на ваквите панели е инвестиција и ќе помогне во самостојноста  на институциите, но и во делот на снабдувањето со електрична енергија и намалување на трошоците.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случајот на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Седница на Судски совет на полноќ – ќе се одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе