Вести Свет

Русија и Украина два месеци преговарале со Турција за договор за обезбедување безбеден транспорт во Црното Море

Русија и Украина два месеци преговараа со Турција за договор за обезбедување безбеден транспорт во Црното Море и постигнаа договор за текст што требаше да го објави Анкара, но Украина одеднаш се повлекла. Ова го јавија турски медиуми повикувајќи се на агенцијата Ројтерс, кои имале и копија од текстот на договорот, кој никогаш не беше објавен во јавноста.

Разговорите беа со посредство на Турција, која беше охрабрена од Обединетите нации, изјавија четири извори, кои сакаа да останат анонимни поради чувствителноста на темата.

Договорот беше постигнат во март и имаше за цел – безбедна пловидба на трговски бродови во Црното Море. Иако Украина не сакаше формално да го потпише, Киев се согласи турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да го објави договорот на 30 март – еден ден пред клучните локални избори, велат изворите.

Во последен момент, Украина одеднаш се повлече и договорот пропадна, рече еден од изворите, цитиран од Ројтерс, пренесуваат турски медиуми. Три други извори ја поддржаа таа верзија на настаните. Русија, Украина и Турција одбија да коментираат, објави новинската агенција.

Останува нејасно зошто Украина се повлече од договорот. Изворите на Ројтерс рекоа дека не знаат што ја поттикнало одлуката на Киев.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случајот на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Седница на Судски совет на полноќ – ќе се одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе