Две лица загинаа, 26 се повредени во експлозија во зграда во северна Кина што е предизвикана од истекување на гас, соопштија локалните власти.
Експлозијата се случила рано утрово во продавница за пилешка храна во градот Санхе што се наоѓа на еден час возење западно од Пекинг.
Полицијата ги затвори улиците на километар и половина од местото на експлозијата. На терен излегле противпожарни возила, а на снимките може да се забележи камион како извлекува едно изгорено возило. Во гаснењето на огнот учествуваа над 150 пожарникари.
Спасувачките операции се во тек и отворена е истрага за причините за експлозијата.