Вести Македонија Топ вести

Граѓаните мора да знаат повеќе за Комисијата за заштита од дискриминација, кандидатите за идни членови на интервју во Собранието

Во собраниската Комисија за избори и кменувања денес почнаа интервјуата на кандидатите за идни членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминацијата. Дваесет и пет кандидати конкурираат за четири места во Комисијата а од биографиите може да се заклучи дека повеќето од нив се правници со познавања од проблематиката.

Заедничко за голем дел од кандидатите е што сметаат дека во идниот период мора многу повеќе да се работи на промоција на Комисијата кај граѓаните. Иако бројот на преставки од година во година расте, кандидатите сметаа дека е потребно да се таргетира и младата популација.

Поголем Буџет, пополнување на испразнетите работни места, зајакнување на правната служба и службата за јавни набавки беа дел од предлозите на каднидатите пред собраниската Комисија.

Соработка со институциите исто така е клучна за зацврстување на статусот на Комисијата и борбата против дискриминацијата во Македонија.

Додека траеја интервјуата на потенцијалните кандидати, пред Собранието

Според распишаниот оглас  кандидатите мора да имаат минимум седум години работно искуство од областа на човековите права, од кои пет години во областа на еднаквост и недискриминација, да немаат правосилна судска пресуда или забрана за вршење професија и да не се носители на функција во политичка партија.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бектеши: Со вакви ултиматуми од ВМРО-ДПМНЕ преговорите со ВРЕДИ ќе пропаднат

Дејан Дејан

Заев, Русковска, Спасовски на листата од 32-ца за кои Боки 13 поднесе кривична пријава

Дејан Дејан

ГС на ОН изгласа резолуција со која се зајакнува позицијата на палестинската мисија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе