Вести Свет Топ вести

Тензии во Нигер – истекува крајниот рок за „ЕКОВАС“

Западноафриканскиот регионален блок „ЕКОВАС“ им даде рок на водачите на државниот удар во Нигер до денеска да го ослободат претседателот Мохамед Базум и да ја вратат земјата на демократско владеење.

Ако не го сторат тоа, би можело да се издаде наредба за воена интервенција.

Во главниот град на Нигер, Ниамеј, доцна синоќа биле забележани мали групи локални жители кои даваат поддршка на државниот удар како патролираа на патиштата во земјата.

Секојдневните демонстрации низ целата земја се организирани и емитувани на државната телевизија контролирана од војската за да се прикаже огромна поддршка на народот за пучот.

Нејзините водачи тврдат дека го собориле претседателот за да им помогнат подобро да се борат против џихадистичките бунтовници и да ја запрат корупцијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

УКИМ повторно рангиран на 1.990 место од 2.000 најдобри универзитети во светот

Дејан Дејан

Втората половина од годината можен почеток на монетарно олабавување, Народната банка препорачува да продолжи фискалната консолидација

Дејан Дејан

Маринакис: Во овој момент не сме до точка да ставиме вето, но почитувањето на Договорот е неопходен предуслов за ЕУ перспективата на Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе