Вести Македонија

УКИМ повторно рангиран на 1.990 место од 2.000 најдобри универзитети во светот

Центарот за рангирање на светски универзитети (CWUR) ја објави листата на 2.000 најдобри универзитети во светот за 2024 година, на која државниот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје е рангиран на 1.990 место.

УКИМ е на истата позиција од минатогодишното рангирање и се уште е единствениот македонски универзитет кој се наоѓа на ова рангирање.

Според листата, петте најдобро рангирани универзитети во светот, се универзитетите Харвард, МИТ и Стенфорд од Соединетите Американски Држави, Кембриџ и Оксфорд од Велика Британија.

Од земјите од соседството, Србија има четири високообразовни институции меѓу најдобрите светски универзитети. Од нив, најдобро рангиран е Белградскиот универзитет, кој се најде на 376 место, што е пад од 14 позиции во однос на лани, а на листата се и универзитетите во Нови Сад, Крагуевац и Ниш.

Од Бугарија се рангирани два универзитета, додека пак Грција е на листата со 12 универзитети.

Од Хрватска на рангирањето се најдоа четири високообразовни институции.

На листата и годинава немаше место за ниту еден универзитет од Албанија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Украина и Молдавија со препорака од ЕК за отворање на пристапни преговори за членство во ЕУ

Дејан Дејан

Путин им објави војна на еврото и доларот „Токсични валути на непријателските земји“

Дејан Дејан

Шведската полиција уапси 19 пропалестински активисти на Универзитетот во Стокхолм

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе