Вести Македонија

Средношколците во Скопје ќе имаат бесплатен градски превоз и за летниот распуст

Од ЈСП Скопје за Телма потврдија дека средношколците и по последниот училишен час во јуни ќе може бесплатно да го користат градскиот превоз низ главниот град.

-Средношколците ќе имаат право на бесплатен превоз и за време на летниот распуст, согласно Програмата за активностите на Град Скопје од областа на средното образование во 2023 година, која, меѓудругото, вели “со почетокот на 2023 година учениците од средните училишта на Град Скопје ќе имаат можност да користат бесплатен превоз и за време на зимскиот и летниот распуст и на овој начин непречено да ги извршуваат своите училишни обврски за посетување на феријална пракса и практикантска обука...“, ни одговорија од ЈСП Скопје.

Претходните години, средношколците кои имаат и обврски од наставата или за усовршување, односно работат како практиканти се соочуваа со проблеми бидејќи бесплатните билети за градскиот јавен превоз не важеа за време на распустот.

Гимназијалци од Кавадарци во Париз туркале автобус за да запали

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јаулески во „Топ тема“: Не би влегувал во теории на заговор дека некој некому би сакал нешто да му земе

Дејан Дејан

Сејдиу од коалиција „Вреди“: Ние од секогаш сме имале сомнежи во ДУИ

Дејан Дејан

Путин назначи нов заменик министер за одбрана

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе