Вести Македонија Топ вести

Македонско прашање на Соборот на СПЦ – расправа за интеграцијата на ПОА во МПЦ-ОА

Светиот архијерејски Собор на Српската православна црква (СПЦ), што почна вчера со богослужба во белградскиот храм „Свети Сава“, денеска треба да го одржи работниот дел на кој се очекува да се разговара и за македонското прашање, односно за приклучувањето на ПОА во МПЦ-ОА.

Иако во соопштението за одржувањето на Соборот на СПЦ не е конкретно наведено, српските медиуми објавија дека, покрај Косово кое е редовна тема, ќе се разгледува и македонското прашање.

Според агенцијата Бета, „македонското прашање, секако, ќе биде пред патријархот и епископите“. На минатиот Собор беше одлучено Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ) да добие томос за автокефалност, со што се надмина повеќедеценискиот меѓуцрковен спор.

Тоа прашање, како тема на Саборот на СПЦ, беше најавено и во Скопје по седницата на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА на 25 април кога беше одлучено да почне процесот на интеграција на ПОА. Владиката Тимотеј, тогаш изјави дека се донесени неколку одлуки поврзани со поделбата на епархиите. Целосната интеграција, како што најави владиката Тимотеј, се очекува да се случи за време на Соборот на СПЦ на 14 или 15 мај.

Повикувајќи се на црковни извори, дел од медиумите објавија дека постои начелен договор со СПЦ околу тоа како да бидат интегрирани владиците на ПОА и кои епархии ќе им бидат дадени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Индија ги повлече своите војници од Малдивите

Дејан Дејан

Земјотрес со јачина од 5,8 степени во Тајван

Дејан Дејан

ЕК обезбеди 50 милиони евра макрофинансиска помош за Mакедонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе