Вести Македонија

Полицајци со ратрак евакуирале неколку млади од Попова Шапка

Поради лоши временски услови неколку млади денеска се засолнале во малата куќичка во ски-лифтот Г-СТАЗАТА на Попова Шапка. Тие биле евакуирани со ратрак и се во добра здравствена состојба.

Во 15:35 часот на бројот за итни повици 112 добиена е пријава од млади лица кои заглавиле во Попова Шапка и истите се наоѓле во малата куќичка која се наоѓа во ски лифтот Г – СТАЗАТА. Поради лошите временски услови силен ветер и снег и магла истите неможеле да се спуштат надолу бидејќи видливоста била ограничена само на неколку метри, соопштија од ЦУК.

РЦУК Тетово ја известила полициската станица на Попова Шапка, од каде со помош на Ратрак околу 16:00 часот младите лица биле симнати на безбедна локација и се во добра здравствена состојба.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе