Вести Македонија

Благ пад на жртвите на семејно насилство за 4, 3% лани во однос на 2021 година

Согласно податоците од 30 центри за социјална работа во Македонија, лани е забележан благ пад од 4, 3% на бројот на жртви на семејно насилство во однос на преклани. Ова го кажа министерката за труд и социјална политика на денешниот брифинг.

Во 2022 година имаме евидентирано нови 1543 жртви од кои жени се 1074, мажи се 252 лица и имаме 227 деца-жртви на семејно насилство. Споредено со 2021 година кога имавме 1608 жртви, имаме намалување на новоевидентираните жртви на семејно насилство за 4, 3%, соопшти министерката тренчевска.

Со најголем број – 530 жртви на семејно насилство, Скопскиот плански регион е пред останатите во земјава. Пелагонискиот е на второ место со 241 новоевидентирана жртва, а најдолу е Североисточниот регион со 60 жртви. Според податоците , бројот на сторители на семејно насилство лани изнесувал 1.382. Од нив 1.268 се мажи, а 114 се жени, а пред другите видови, доминира психолошкото насилство, со 1.051 жртва.

После психолошкото насилство доаѓа физичкото насилство со 846 жртви. Имаме пријави за сексуално насилство од страна на 6 жртви и 25 жртви на економското насилство, изјави тренчевска.

Центрите за социјална работа  до граѓанските судови  поднеле 2.095 барања за привремени мерки за заштита на жртвите, а од страна на судовите се изречени 1.823 привремени мерки. Минатата година 83 жртви на семејно насилство биле сместени во шелтер центрите низ Македонија.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Касами останува градоначалник, министерските позиции резервирани за други

Дејан Дејан

Кавадаречанец му се заканувал на градоначалникот на општината

Дејан Дејан

В среда прегласување во седум избирачки места, шест се во петтата изборна единица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе