Вести Македонија Топ вести

Зошто скопска Апелација му ја скуси затворската казна на педофилот-силувач? Петмина судии гласале тој да лежи две години помалку

Екс-полицаецот Александар Костовски, осуден за трговија со дете и силување на нејзиниот брат, наместо 18 години, казнет е на 16 години затвор.

Скопскиот апелационен суд одлучи за две години да ја намали првостепената пресуда на Кривичен. Причина за таквата одлука на петмината судии од Апелација – Дуковска, Зимбовска, Димитриевски, Милева и Ајрулахи, се олеснителните околности.

Во објавената пресуда, се наведуваат истите.

Обвинетиот не е претходно осудуван и против него не се водат постапки за други кривични дела, покажал коректното однесување пред судот и признал вина за сторените кривични дела, со што изразил свест за противправноста на своите дејствија, како олеснувачки околности, ценети во нивната севкупност во однос на тежината на делата за кои обвинетиот е огласен за виновен пишува во дел од пресудата на Апелациониот суд Скопје. 

Скопска Апелација ја одби жалбата на Обвинителството чиешто барање беше поголема казна затвор.

Обвинетиот првостепено е осуден на 15 години затвор за кривичното дело трговија со дете и 4 години за силување, а се засметува и времето поминато во притвор од 30 ноември минатата година. Пресуда во Кривичен изрече судијката Гаврилова-Ефремова.

За кривичното дело трговија со дете минимална казна е 12 години затвор, а за силување предвидена е казна затвор од една до 10 години.

Жалба имаше поднесено и мајката на силуваните деца, која исто како и обвинителство побара повисока казна за сторителот.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бектеши: Со вакви ултиматуми од ВМРО-ДПМНЕ преговорите со ВРЕДИ ќе пропаднат

Дејан Дејан

Заев,Русковска ,Спасовски на листата од 32-ца за кои Боки 13 поднесе кривична пријава

Дејан Дејан

ГС на ОН изгласа резолуција со која се зајакнува позицијата на палестинската мисија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе