Вести Македонија

Петрушевски: Афера Тајни имоти – 123 функционери на власта кријат имот од 30 милиони евра

ВМРО – ДПМНЕ денеска обвини за нова афера на Власта, а според нивните информации, функционери на СДСМ и ДУИ на различни позиции поседувале таен имот.

– На списокот кој го поседуваме има куќи, станови, викендици, деловни простории кои се скриени од очите на јавноста. На овој список се државни функционери, претседатели на комисии, директори, раководни луѓе на институции. Поголемиот дел од нив директно поставени од владата и функционери во партиите на власт, информира пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ Бране Петрушевски.

Тој додава дека за 5 години власт на СДСМ 123 именувани функционери на државни позиции успеале да сокријат имот вреден 30 милиони евра, како и дека опозициската партија ги поседува сите детали.

Петрушевски заклучи дека новата афера „Тајни имоти“, е уште еден показател како власта функционира надвор од законите, заштитувајќи ги прекршителите на истите, кои во овој случај се избрани и именувани функционери, а чија обврска е да служат на граѓаните на Македонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ситуацијата во Нова Каледонија е релативно мирна по пристигнувањето на 1.000 полицајци

Дејан Дејан

Уапсениот врховен судија Наќе Георгиев е однесен во полициска станица

Дејан Дејан

Се прегласува на седум гласачки места – изборен молк на полноќ поради прегласување за парламентарните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе