Вести Свет

Иран заплени трговски брод поврзан со Израел во Ормутскиот теснец

Иран заплени комерцијален брод кој се поврзува со Израел додека пловеше низ Ормутскиот теснец. Бродот бил запленет од страна на поморската единица на Иранската револуционерна гарда, чии специјалци се спуштиле на него преку хеликоптер на 80 километри од брегот на Обединетите Арапски Емирати, се пофалија иранските медиуми.

Бродот Арес кој плови под португалско знаме се поврзува со израелскиот милијардер Ејал Офер, а инцидентот доаѓа во момент на зголемени тензии во регионот по израелскиот напад врз иранскиот конзулат во Дамаск на 1-ви април.

При заплената на бродот имало 25 членови на екипажот.

Според портпаролката на Националниот совет за безбедност на Белата куќа, Едриен Вотсон, станува збор за државјани на Иднија, Филипини, Пакистан, Русија и Естонија. Таа ја осуди заплената на цивилното пловило и повика на итно ослободување на екипажот.

По објавувањето на информацијата за заплената на бродот, израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац, ја повика ЕУ веднаш да ја прогласи иранската Револуционерна гарда за терористичка организација, и да воведе санкции против Иран.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничени се три лица од Тетово поради сомневање за украдени 600 илјади евра од ФЗО

Дејан Дејан

Властите во Приштина му забранија на поглаварот на Српската православна црква да влезе во Косово

Дејан Дејан

УКИМ во 2019 година на 1814 место, оваа година на 1990 место на листа најдобро рангирани светски универзитети

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе