Вести Свет Топ вести

Пожар во ромската населба во Нови Сад, објектите се поврзани не се стигнува до жариштето на огнот

Изутрината избувна пожар во населбата викана Бангладеш во Нови Сад. Пожарот брзо се проширил низ живеалиштата бидејќи сите се споени како еден објект. Засега нема информации за повредени. Бројни противпожарни бригади се на местото на пожарот, а локализирањето оди тешко бидејќи голем дел од станбените единици се поврзани и изградени од многу запаливи материјали. Градските социјални служби евакуираа дел од жителите дека други останале на местото и гледале како горат нивните куќи.

  • Прогнозите се навистина неблагодарно само поради една работа, поради конструкцијата и начинот на градбата. Значи сите објекти се поврзани и тоа го отежнува гаснењето. Голема е количината на запалива материја во нив. Така што ќе биде потребно долго време за целосно локализирање на пожарот, рече Стојан Милавац, Раководител на итната служба во Нови Сад.
  • Сите објекти се поврзани под ист покрив и тоа голем проблем за пожарникарите да дојдат до самото жариште на пожарот. И од таа причина главниот акцент на гасење на пожарот беше насочена на тоа пожарот да се запри за да не се шири на останатите делови на објектите кои не беа зафатени со огнот за може да воспоставиме контрола, инфермираше Игор Адам, командант на пожарникарската бригада Нови Сад.

Оваа населба во Нови Сад, вториот по големина град во Србија е населена со сиромашни луѓе, повеќето Роми. Нивните живеалишта се нелегални изградени главно од остатоци од блокови, дрво, шут и картон итн. Инаку населбата е основана во 1972 година со помош на Центарот за социјална работа на Нови Сад за привремено да се населат 100 ромски семејства раселени по големиот пожар што ја уништи првобитната населба во Нови Сад. Но се претвори во постојано живеалиште, а бројот на објектите постојано се зголемува.

(видео)Голем пожар во населбата Бангладеш кај Нови Сад, изгореа десетина куќи

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана

Дејан Дејан

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

„Сајанс“: Депониите во САД создаваат многу повеќе загадување на атмосферата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе