Вести Македонија

Министерот за правда Кренар Лога бара нова заклетва на Силјановска

Реакција за потенцијалниот дипломатски скандал вложи и минситерот за правда Кренар Лога кој смета дека при свечената изјава е прекршен Уставот од претседателката Силјановска-Давкова.

-Непочитувањето на уставното име на државата ја прави ништовна заклетвата на Силјановска. Или повторување на постапката или  функцијата претседател на државата треба да ја преземе Јован Митревски (претседател на собрание), како вршител на должноста, наведува Лога во неговата реакција објавена на Фејсбук и споделена во соопштение до медиумите.

Кренар Лога е дел од струјата на Алијанса за Албанците, предводена од Зијадин Села и беше кандидат на коалицијата Европски фронт (водена од ДУИ) во 3-тата изборна единица.

Ја потпиша заклетвата, но не го изговори целосното уставно име – Гордана Силјановска – Давкова стапи на функцијата претседател на државата

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Скопје се одржа протест за кучето Феликс

Дејан Дејан

МВР: Одобренија за патување во странство за малолетни лица ќе се издаваат од 8 до 18 часот

Дејан Дејан

Алиу: Кочани ни е во фокусот, ќе имаме средби и со директорката на Општата болница и со повредените лица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе