Вести Свет Топ вести

Германија распореди бригада во Литванија

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска го опиша почетокот на распоредувањето на германската бригада во Литванија како клучен чекор за подобрување на способностите за распоредување на силите на НАТО и „важен ден за Бундесверот“.

„Ова е првпат трајно да стационираме таква единица надвор од Германија“, рече Писториус во Берлин на церемонијата на испраќање на првите германски војници во Литванија.

Литванскиот министер за одбрана Лауринас Кашчиунас, кој ја презеде функцијата минатиот месец, ги поздрави германските војници по нивното пристигнување на аеродромот во Вилнус.

Кашјунас рече дека ова распоредување е „многу важно“ за Литванија и дека е „доказ за германската доверливост“. Тој, исто така, ги увери војниците дека литванската влада ќе направи сè што е во нејзина моќ навреме да ја изгради потребната инфраструктура.

Персоналот испратен во Литванија треба да постави основа за распоредување на стотици, можеби дури и илјадници војници во оваа земја членка на НАТО која граничи со Полска, како и со Белорусија и руската енклава Калининград.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Економската директорка на Токсикологија Бесија Иљази им забранила на вработените да даваат изјави за медиумите

Дејан Дејан

МВР e дел од кампањата Амбер Алерт Европа за подигање на свеста за брза реакција при исчезнување на дете

Дејан Дејан

Ејџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за сезонската авиолинија Скопје – Крф

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе