Вести Свет

Белата куќа бара поддршка за Киев: На Украина и снемува муниција, се повлекува од Донбас

Вооружените сили на Украина се повлекуваат од Донбас поради недостиг на муниција. Белата куќа нагласува дека е потребна акција на Конгресот за да се усвои нацрт-законот за безбедносно финансирање за да се реши „страшната“ ситуација во Украина.

Kоординатор за стратешки комуникации на Советот за национална безбедност при Белата куќа, Џон Кирби, вели дека украинските војници се приморани на тешки одлуки да се пресметуваат со што ќе пукаат и против што ќе се борат, а принудени се да се повлекуваат кон втората и третата линија на одбраната.

„Русија продолжува да напредува кон запад. Ним им треба нашата поддршка и им треба сега“, изјави Кирби.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Град со големина на орев се истури врз кумановско-липковскиот регион

Дејан Дејан

Вучиќ: Не очекувавме дека некои земји ќе ни забијат нож во грб

Дејан Дејан

(Видео) Жена загина во Сомбор, причинета материјална штета и црвен метео аларм – силно невреме во Србија, во Хрватска, во БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе