Вести Македонија

Бројот на жените во политиката се зголемува, но претстои борба за застапеноста на жената во извршната власт

Снежана Калеска Ванчева, Ане Лашкоска и Сузана Салиу во различни политички партии, но со иста функција – политичарки. Секојдневно рамо до рамо минуваат низ низа предизвици како позитивни така и негативни. Бројот на жени во политиката од година во година се зголемува, но се уште претстои борба за застапеноста на жената во извршната власт.

„Тоа значи многу повеќе министерки, треба да го видиме и денот кога ќе имаме жена премиерка, треба да имаме градоначалнички повеќе. Не затоа што сме само жени, туку затоа што овој свет е подеднакво и на жените и на мажите. И мора да сфатиме сите дека градење на безбедно, сигурно и напредно општество ако немаме рамноправност и еднаква вклученост и во носењето на одлуките и во спроведувањето на одлуките помеѓу мажот и жените тогаш сигурно нема напредок“, изјави Снежана Калевска Ванчева од СДСМ.

„И научни истражувања меѓутоа и искуството кое што го имам во политиката покажало дека жените на менаџерски позиции , на извршни функции биле многу подобри и поуспешни во извршувањето на својата работа отколку мажите. Постои помалку корупција, се повеќе посветени на работата и се надевам дека тоа ќе биде причина во иднина жените да се во поголем број во извршната власт, а и зошто не во иднина да ја имаме и првата жена претседател на државата“, изјави Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ.

„50% жени да бидат во собранието, зошто една многу јака позитивна порака на жената на терен може да создаде чуда, може да создаде многу позитивна енергија“, порача Сузана Салиу, поранешна пратеничка.

Патот за жените во политиката е трнлив и исполнет со пречки, а години наназад се работи на јакнење на овој проблем. Политичарките се борат и за тоа што повеќе да се слуша нивниот глас.

„Ние имаме многу паметни жени, имаме жени интелектуалки, жени кои навистина имаат добар глас во народот и го пренесуваат тој добар гласмеѓу граѓаните. Но, мислам дека жената има некоја своја самацензура поради амбиентот на кој наидува“, додаде Салиу.

„Кога ќе се изборат се слуша гласот на жените, меѓутоа ќе речам нашето општество е такво треба да се изборат за да дојдат во позиција да се слуша гласот на жените. Веќе, тука би рекла сме рамноправни. Во советите сме рамноправни, меѓутоа за да дојде до одредена позиција за жал треба се уште борба“, порача Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија се уште се бори со стереотипите и предрасудите во однос на учеството на жените во политиката, но и во јавниот живот. Денеска во законодавниот дом се дискутираше за активностите и улогата на пратеничките во подобрување на состојбата на родова еднаквост и унапредување на правата на жената.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес со јачина од 5,8 степени во Тајван

Дејан Дејан

ЕК обезбеди 50 милиони евра макрофинансиска помош за Mакедонија

Дејан Дејан

Популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос и ова лето затворена за туристи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе