Македонија Топ вести

Регистрирани 67 случаи на голема кашлица

28 нови заболени од голема кашлица покажува најнoвиот   извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 16 до 22 февруари, со што вкупниот број на регистрирани случаи е 67. Од новозаболените хоспитализирани се 4 деца на возраст до 4 години.  И натаму Скопје има најмногу новозаболени за 7 дена, 22, а пријавени се 4 нови случаи во Тетово, 1 во Куманово и за првапт е регистриран едно заразено лице  во Струга. Заболените е на возраст од 1 месец  до 47 години, а најголем број се  до 14 години.

Од вкупниот број на регистрирани  (67), 61 случај, односно 91%  не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или од последната доза (кај комплетно вакцинираните) поминале просечно повеќе од 11 години, или нема доказ за вакцинација се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје

Досега само во Скопје се откриени над  12. 000 деца кај кои е пропуштена вакцинација. Од 18 јануари до денес се вакцинирани 4142 деца. Низ останатите градови во државаат пронајдени се над 6600 невакцинирани деца, од кои за нешто повеќе од еден месец против голема кашлица вакцина примиле 24 проценти од нив. Од Комисјата за заразни болести посочија дека очекувано е  да расте бројот на заболени и кај повозрасната популација. Засега нема ДиТеПер  вакцини за возрасни, но се очекува да стигната следната недела.

Центарот за јавно здравје  на територијата на Скопje прогласи епидемија на 8 февруари поради зголемен број на заболени од голема  кашлица.  Во меѓувреме и покрај препораката на Комисијата за заразни болести да не се примаат  невакцинирани деца, градинките само ги ажурираат вакциналните картони, но не ги враќаат невакцинираните.

ЕМИЛИЈА МИСИРЛИЕВСКА

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(живо)Се очекува на разрешениот врховен судија Наке Георгиев да му биде определена мерка притвор

Дејан Дејан

Најмногу претставки за сексуална и родова припадност, намален е бројот на оние за национална и етничка припадност

Дејан Дејан

Синдикалната минимална кошница за мај година изнесува 60.090 денари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе