Вести Македонија

22 тима од четири града во земјава, шести лего лига натпревар

Наука, технологија, инженерство и математика се во едно применија над 180 децата и младите, во 22 тима  од четири града во земјава на шестиот Лего лига натпревар. Подготовки ги почнале уште во нормври лани, а денеска учесниците во натрпеварот правеа проекти за места наменети за рекреација, решавајќи ги проблемите преку глобалната програма за роботика.

Учесниците задоволни од организацијата, велат дека на ваков начин младите преку забава учат да развиваат разни вештини.

За првпат годинава како коорганизатор на натпреварот се јавува Електротехничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип, а учествуваа и од машинскиот факултет. Продекан на Електротехничкиот факултет при УГД-Штип, Тодор Чеќеровски вели дека годинава е една од најуспешните, а тоа се гледа низ бројот на учесници.

Тимот кој ќе победи оваа година продолжува на Светско првенство во јуни во САД, а дополнително уште еден тим ќе биде испратен на Националното првенство во Грција кое ќе се одржи на 9 и 10 март.

ВИКТОРИЈА ДИМИТРОВА ЈОВАНОВА

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Град со големина на орев се истури врз кумановско-липковскиот регион

Дејан Дејан

Вучиќ: Не очекувавме дека некои земји ќе ни забијат нож во грб

Дејан Дејан

(Видео) Жена загина во Сомбор, причинета материјална штета и црвен метео аларм – силно невреме во Србија, во Хрватска, во БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе