Вести Македонија

Зграда до зграда, зеленило само на хартија – личниот опис на главниот град е сивило

Преголема урбанизација, а премалку зеленило. Скопје се гуши од стотиците згради кои никнаа последниве децении врз местата каде што можеше да има паркови, велат архитектите. Тие сметаат дека сегашната густина и височина на објектите влијае негативно врз воздухот и квалитетот на животот.

„Урбаниот стрес е кога ќе излезете на улица и сѐ околу вас ви претставува еден тип на непријатност. Немате кола каде да паркирате, стресно ви е да преминете улица, кога е топло немате каде да најдете сенка, ниту каде да се напиете вода. Мислам дека овие карактеристики кога граѓаниниот се движи во Скопје се секојдневие“, изјави Ива Петрунова, архитект и урбан социолог.

Петрунова додава дека за подобар град треба да се грижат сите. Надлежните треба да ги мапираат слободните површини кои би можеле да ги искористат за зелени јавни простори. Граѓаните треба повеќе да се грижат за јавниот простор, да се обратат до локалната или централната власт за повеќе зеленило или самоиницијативно да засадат садници. Со поголема едукација на граѓаните би се зголемила нивната свест за подобро третирање на просторот.

„Исто така во Скопје посебно е важно зеленилото за справување со оние топлински острови кои се случуваат од премногу бетон. Сведоци сме последниот период на големи врнежи кои предизвикуваат поплави како поплавата во 2016 во Стајковци каде имаше човечки жртви. Доколку има зеленило врз сите овие негативни аспекти можеби нема да се случи чудо меѓутоа на долг временски период би биле поублажени и градот би бил многу подобар“, додаде Петрунова. 

Заклучокот на денешниот настан „Повеќе зеленило, подобар град“ е дека моментот кога граѓаните, а особено властите ќе станат свесни за придобивките од зеленилото ќе придонесе за похумано живеење.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Град со големина на орев се истури врз кумановско-липковскиот регион

Дејан Дејан

Вучиќ: Не очекувавме дека некои земји ќе ни забијат нож во грб

Дејан Дејан

(Видео) Жена загина во Сомбор, причинета материјална штета и црвен метео аларм – силно невреме во Србија, во Хрватска, во БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе