Вести Македонија

Трајчевски во „Топ тема“: АВМУ ќе изработи акт со кој што ќе ги објасни правилата на медиумите за нивното известување за време на изборниот процес

Претседателски и парламентарни избори имаше и во 2014 година. Целта на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги (АВМУ) не е да ги казнува медиумите, туку да изработиме заеднички правила што ќе бидат јасни и медиумите ќе можат да ги следат, рече Зоран Трајчевски, директор на АВМУ, во интервју во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма.

Ако стриктно се почитува Изборниот законик, вели Трајчевски, кога постои молк, медиумите не смеат да известуваат не само за кандидатите за претседател, туку за било кој друг носител на функција политичка или од органите на власта.

„Така што, кога има молк за претседателските избори, медиумите не смеат воопшто да известуваат за активности во кои се вклучени носители на функции во политичките партии и во органите на власта. Се договоривме во текот на наредната недела да имаме состанок во претставници на Државната Изборна комисија (ДИК) и со Државната комисија за спречување на корупција за расчистување на овие дилеми, со цел медиумите јасно да ги знаат правилата за да можат да ја извршат својата функција што ја имаат и која е многу значајна за време на изборите“, изјави Трајчевски.

Пред официјалниот почеток на изборната кампања, Трајчевски најави дека АВМУ ќе изработи акт со кој што ќе ги објасни правилата на медиумите за нивното известување за време на изборниот процес, како во делот на платеното политичко рекламирање, така и во делот за известувањето во дневно-политичките и информативните емисии.

„Медиумите, секако, нема да бидат оставени сами на себе, односно тие да бидат еден вид жртва, ако може да се каже, туку ќе имаат јасни правила“, истакна првиот човек на АВМУ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Град со големина на орев се истури врз кумановско-липковскиот регион

Дејан Дејан

Вучиќ: Не очекувавме дека некои земји ќе ни забијат нож во грб

Дејан Дејан

(Видео) Жена загина во Сомбор, причинета материјална штета и црвен метео аларм – силно невреме во Србија, во Хрватска, во БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе