Вести Македонија Најважни

Свечено пречекан камиoнот со 140.000 обрасци за пасоши

Застанат среде граничен премин, дополнителниот заменик-министер во МВР го пречека камионот со обрасци. Потоа, Бојмацалиев се огласи на социјалните мрежи со соопштение.

Концептот „МВР за граѓаните“ на дело, напиша заменикот во министерството, со пофалба дека се зголемуваат количините на обрасци за пасоши.

Ова следува откако премиерот вчера остро ги прозва министрите во МВР. И Тошковски и Бојмацалиев беа искритикувани од страна на Џафери, дека наместо да го решаваат проблемот, тие дополнително ја продлабочуваат пасошката криза.

Митко Бојмацалиев информираше дека покрај овие 140.000 пасоши кои тој ги пречека на Граничниот премин „Богородица“, наредните денови ќе пристигне и друга пратка.

„За многу скоро време ќе пристигне уште една пратка од 85.000 обрасци, со што бројката од 225.000 обрасци се комплетира. Досега се пристигнати 1.509.600 обрасци за патни исправи, а со обрасците што ќе стасаат утре и до крај на месецот ќе бидат вкупно 1.734.600“, информира Митко Бојмацалиев, Дополнителен заменик-министер за внатрешни работи.

Додека од министерството велат „МВР за граѓаните“, граѓаните чекаат да добијат пораки за готовите документи. Закажувањето термин за фотографирање сѐ уште е речиси невозможна мисија, а допрва треба да заживее и онлајн-алатката за проверка дали е готов пасошот, на сајтот на МВР.

Вчера, техничкиот премиер Талат Џафери изјави дека ги задолжил првите луѓе на МВР, дневно да реферираат за пасошката криза, со бројки за примени барања и за издадени нови документи.

Од ВМРО-ДПМНЕ повикуваат на измена на Законот за патните исправи, за пасошите да важат за употреба во земјава.

Од владејачката СДСМ, на тоа возвраќаат дека со Преспанскиот договор се преземени обврски, а пасошот е документ за меѓународна употреба.

Во меѓувреме, проблеми со пасошите има и во дијаспората. Дополнителниот заменик-министер за внатрешни, упати порака до државјаните во странство дека освен патниот лист, имаат можност да ги користат и базните станици во дипломатско-конзуларните претставништва.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Град со големина на орев се истури врз кумановско-липковскиот регион

Дејан Дејан

Вучиќ: Не очекувавме дека некои земји ќе ни забијат нож во грб

Дејан Дејан

(Видео) Жена загина во Сомбор, причинета материјална штета и црвен метео аларм – силно невреме во Србија, во Хрватска, во БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе