Вести Македонија Најважни

Кој ќе оди во втор круг, а кој нема да ги собере потписите за влез? – Предвидувања на политичките аналитичари

Многу битки по различни прашања, интересна кампања и отсуство на простор за коалицирање, барем за првиот круг на претседателските избори се предвидувањата на политичките аналитичари кои сметаат дека претстои возбудлив период во кој секој од деветте кандидати ќе се обиде да зграпчи што е можно повеќе гласови, но, сепак, во вториот круг ќе одат само кандидатите на владеачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

По извесно време, во трка повторно се двајца кандидати Албанци за претседател на државата. Политичките аналитичари Благојче Атанасоски и Бесим Нербиу се децидни дека во вториот круг одат кандидатите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Кој ќе ја добие поддршката на албанските гласачи во вториот круг зависи од кампањите на кандидатите.

Атанасоски смета дека албанските гласачи се зрели сами да донесат одлука во вториот круг на претседателските избори.

ДУИ и опозициската коалиција „Вреди“ се разидуваат по, речиси, секое прашање, но заеднички им е условот за коалицирање со партија од македонски политички блок – отворање на Уставот, внесување на Бугарите и измени со кои претседателот ќе се бира во Собранието.

Овој услов може да биде влез во политичка криза која може да се надмине само со широка коалиција илио нови избори.

Засега се девет кандидати, но аналитичарите очекуваат ова бројка да се намали поради прагот од 10.000 гласови што е преголем залак за некои од кандидатите.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Град со големина на орев се истури врз кумановско-липковскиот регион

Дејан Дејан

Вучиќ: Не очекувавме дека некои земји ќе ни забијат нож во грб

Дејан Дејан

(Видео) Жена загина во Сомбор, причинета материјална штета и црвен метео аларм – силно невреме во Србија, во Хрватска, во БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе