Вести Македонија Топ вести

ДИК плаќа кирија во Куманово, во Делчево и во Струга – Даштевски за (не)расположението на дел од општините за подобри простории

Локалната самоуправата не е многу расположена да излезе во пресрет на барањата на Државната изборна комисија (ДИК) за добивање на нови простории како подрачни канцеларии, рече претседателот на ДИК, Александар Даштевски во вечерашното издание на „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Од Општина Куманово пред две години баравме подобри простории, тие што ги имаме таму, ОБСЕ ги оцени како нехумани. Бидејќи човекот од влага, од тоа што е скапано, може да изгуби живот. Одговорот од Општината беше дека не можат да ни обезбедат никакви простории. Па, најдовме простории во близина на Општината, нови се, плаќаме кирија, поголеми се малку и таму се потпишуваат“, изјави Даштевски.

Државната изборна комисија, како што истакна Даштевски, плаќа кирија во три града.

„Таков е случот во три града, каде што нема никакви услови – тоа се Куманово, Делчево и Струга, каде што имаме такви простории за потпишување, ама не можеме ние да си дозволиме во цела Македонија. Затоа ги користиме оние предизборие 21-ва година. Со помош на Ајфес реновиравме најголем дел од тие простории, ставивме нови прозорци, врати, окречивме, ставивме теписони, итн.“, истакна Даштевски.

Општините, како што нагласи Даштевски, се обидуваат да им остават тоа што не им е потребно, тоа што е најлошо. Во тој контекст го сподели Прилеп како пример.

„Да речеме во Прилеп, се направи нова зграда, велелепна, многу убава и цела општина се пресели таму, а нашето Подрачно одделение од 10 квадрати, остана во старите простории кои навистина не се во добра состојба“, вели Даштевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МВР дел од кампањата Амбер Алерт Европа за подигање на свеста за брза реакција при исчезнување на дете

Дејан Дејан

Ејџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за сезонската авиолинија Скопје – Крф

Дејан Дејан

(живо)Се очекува на разрешениот врховен судија Наке Георгиев да му биде определена мерка притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе