Вести Македонија

Ромски семејства од Штип ќе добијат домови

Четириесетина ромски семејства кои живеат во субстандарни услови во објектите на старото нервно оддление во Штип се очекува до крајот на годината да бидат сместени во типски куќи во реонот на „Света Недела“.

Но, државните институции ќе мора да им најдат решение и на жителите кои не се од Штип, а живеат во овие објекти. Пари се обезбедени преку европски проект вреден околу 600.000 евра.

Општина Штип дислокацијата на жителите, кои времено се сместени во старото нервно одделение ја прави и за доизградба на булеварот „Партизанска“, во должина од еден километар, а ги поврзува штипските населби „Осми Ноември“ и „Баби“, но има и статус на регионален пат со соседната рурална општина Карбинци.

Доизградбата на булеварот, но и поместување на главната водоводна и канализациона мрежа ќе ја чинат општината 2,5 милиони евра. Тендерската постапка веќе е во тек, а на пролет се очекуваат на терен и градежните машини.

Викторија Димитрова Јованова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ситуацијата во Нова Каледонија е релативно мирна по пристигнувањето на 1.000 полицајци

Дејан Дејан

Уапсениот врховен судија Наќе Георгиев е однесен во полициска станица

Дејан Дејан

Се прегласува на седум гласачки места – изборен молк на полноќ поради прегласување за парламентарните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе