Вести Македонија

Протест против ЈП Лана во Струмица, поради третманот на бездомните кучиња

Тивкото неделно пладне во Струмица го раздвижија револтирани активисти за заштита на животните.

Скандираа, држеа транспаренти и го блокираа влезот на општинската зграда упатувајќи  пораки и барања преку мегафон.

Незадоволни се од начинот на кој работи Јавното претпријатие за заловување и третман на бездомни животни. Нивните обвинувања се дека кучињата нехумано се третираат.

Јавното претпријатие „Лана“ велат дека работат по строги протоколи и се евтанизираат само кучињата кои се болни од леишманија. Над 600 заловени бездомни кучиња, досега биле забележани со леишманија и евтанизирани.

Јавното претпријатие „Лана“ функционира речиси една година.

Сузана Мицева

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ситуацијата во Нова Каледонија е релативно мирна по пристигнувањето на 1.000 полицајци

Дејан Дејан

Уапсениот врховен судија Наќе Георгиев е однесен во полициска станица

Дејан Дејан

Се прегласува на седум гласачки места – изборен молк на полноќ поради прегласување за парламентарните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе