Вести Македонија

Хотелиерите на Попова Шапка бараат вештачки снег

До денес со пониски цени на ски билети поради недостиг на снег, а од утре ски лифтовите и жичарниците на Попова Шапка нема да бидат во функција, поради немањето соодветни услови за скијање, одлучи раководството на ски центарот.

Скијањето на стазите овој месец траеше една недела со новите врнежи од снег, откако во декември имаше само неколку дена. Како ќе продолжи скијачката сезона, како и планираните натпревари, зависи од временските прилики.

За февруари имаме прогнози дека ќе имаме снег исто така имаме и календарот на активности заедно со Скијачката федерација на РСМ, па се надеваме дека времето ќе ни служи ќе имаме доволен снег, изјави директорот Адем Авзиу.

Хотелиерите, кои иако се задоволни од посетеноста, велат секогаш може повеќе. Според нив за сезоната да има континуитет потребно е што поскоро да се набави опрема за вештачки снег.

Моментално имаме гости од цела Европа, не само соседите. Таа бројка може да се зголеми, ако имаме повеќе снег, повеќе хотели, доста чекавме, ни треба вештачки снег задолжително овде, тоа го немаме, мора нешто да се направи, рече хотелиерот Хашим хасани.

Во декември 2022 година стратешкиот инвеститор Техно Алпин го претстави планот за ски-центарот Попова Шапка, со кој се предвидува системи за вештачки снег, нови скијачки патеки, сместувачки капацитети, паркинзи, жичарници, во неколу фази. Директорот на ски центарот кој е дел од работната група, вели дека работите се движат во позитивна насока. Треба да биде потпишан договорот, за да започнат со работа.

Позитивно се одвиваат преговорите, ми се чини дека за брзо време ќе има позитивен исход за тоа и се надевам дека сите ќе се радуваме на тој исход кој треба да се донесе во Владата на РСМ, рече авзиу.

Тетовската локална самоуправа, пак, во насока на развој на ски центарот најави изградба на пристапен пат од 4км, со кој би се намалиле гужвите во сообраќајот, кои претежно се создаваат за време на викендите, а од вчера воведе и автобуска линија кон Попова Шапка.

Данијела Билбилоска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсениот врховен судија Наќе Георгиев е однесен во полициска станица

Дејан Дејан

Се прегласува на седум гласачки места – изборен молк на полноќ поради прегласување за парламентарните избори

Дејан Дејан

Сашо Мијалков во четврток излегува од затвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе